Тел: +389076437227 
22 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ГЕВГЕЛИЧАНКАТА МАРИЈА ВЕЛИЧКОВСКА МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА 2019.

По повод Светскиот ден на штедење кој вчера беше одбележан од страна на Македонската Банкарска Асоцијација и Фондот за осигурување на депозити, беа прогласени најдобрите банкарски службеници за 2019-та година. Традиционално, на настанот им беа доделени плакети на најдобрите службеници за 2019-та година. Годинава признанија добија 37 службеници од сите банки, двете штедилници, Клириншка куќа КИБС и Македонско кредитно биро. Меѓу наградените најдобри банкарски службеници, се најде и гевгеличанката Марија Величковска од експозитурата на Шпаркасе банка во Гевгелија. Претседателката на МБА, д-р Маја Стевкова-Штериева, честитајќи им на сите добитници на оваа награда истакна дека македонските банки и штедилници многу одговорно и совесно ги чуваат средствата на штедачите а граѓаните претпочитаат да штедат во банкарски депозити како резултат на довербата во банкарскиот систем.
Read 1162 times