Тел: +389076437227 
13 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ВО ГЕВГЕЛИЈА СЕ БАРААТ 145 РАБОТНИЦИ, НАЈМНОГУ ВО ХОТЕЛИТЕ, ТРАНСПОРТОТ И ТЕКСТИЛНИТЕ КОМПАНИИ

Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспорт и другите услужни дејности, градежништвото – ова се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места. Според бројот на работни места по градови, на прво место е Скопје со 3 500 слободни работни места, потоа Тетово со 531, Штип 375, Кочани 313, Битола 283, Виница 259, Струмица 249, Куманово 193, Гевгелија 145, Охрид 144, Струга 124, Гостивар 43 итн, а во Крушево пак не е регистрирано ниту едно слободно работно место. . На ниво на државата, на крајот од јули бројот на слободни работни места се движеше од околу 6 800 до 7 800. Анализирано по занимања, најбарани се продавачите, хигиеничари, шивачи,келнери, обезбедувачи, општи работници но и програмери. Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспортот, текстилот и преработувачката индустрија – се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места во општина Гевгелија. Така, според огласите на работодавачите од гевгелиските компании, казино хотелите во Гевгелија побаруваат шеесеттина работници. Така во новиот казино хотел Скај имаат потреба од 20 вработувања, во Принцес-19, Фламинго-5 и Аполонија-25. Во дел од транспортните фирми, како Кока и Лемекс се бараат 6 работника, текстилната компанија Ноел има потреба од четириесеттина работници. Работници побаруваат и преработувачите на овошје и зеленчук. Така, Вори има потреба од 6 вработени, Техноалат комерц-10 а Випро преку огласи бара 20 работници. Додека дел од секторите и занимањата се соочуваат со недостаток на работна сила, Агенцијата за вработување на крајот од јули годинава регистрираше 189 506 невработени од нив активни баратели на работа се 101 658 луѓе. Според бројот на невработени на првите места котираат Скопје со 17 834 невработени, Куманово со 11 853 и Тетово со 12 196 невработени лица. Општина Гевгелија и натаму останува како општина со најмала невработеност, бидејќи според надлежните институции во моментот невработени се околу 500 гевгеличани.
Read 641 times