Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ЗЕЛЕНИ ВЕРТИКАЛНИ ЅИДОВИ ЗА ВАШИТЕ ДОМОВИ

Инспириран од природата, Васил Филипов со тимот на „Флауер сити“ изработува „зелени sидови“ што красат многу ентериери. Зелените ѕидови се еколошки производ што овозможува внесување природа во канцелариски ентериери, банки, сали за состаноци, хотели, ресторани, домови. Вертикалните ѕидови што ги изработуваат се 100 отсто природни и стабилни. Вертикалните градини не бараат сончева светлина, наводнување и речиси никакво одржување. Станува збор за внатрешни содржини што ќе бидат неопходен дел од секој деловен простор. Тие се 100 отсто природни, не растат, не привлекуваат инсекти, наменети се за ентериери, претставуваат звучен изолатор и подобруваат звучна акустика, имаат огноотпорни својства, не се 100 отсто огноотпорни, но го забавуваат палењето. Не бараат сончева светлина, не бараат наводнување, имаат со години гаранција, не се третираат со средства, не се токсични, не бараат константно одржување. Вертикалните градини се изработени од стабилизирани растенија и мовови и притоа не го прочистуваат воздухот, меѓутоа претставуваат одлична замена за класичните акустични панели. Тие се употребуваат за подобрување на звучната акустика во ентериерот.
Read 91 times