Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА ПЕНЗИОНЕРИ ВО МАКЕДОНИЈА

За било кој вид на пензија треба да се исполнат одредени услови, па така на пример, за стекнување старосна пензија, неопходно е осигуреникот да наполни 64 години живот за мажи, односно 62 години живот за жени и најмалку 15 години пензиски стаж. Според македонската статистика: во 2018 година во земјава имало вкупно 317.278 пензионери, една година претходно 312.398, додека таа бројка во 2013 година била 291.821. Најголем дел отпаѓа токму на старосната пензија, па така во 2018 година имало 204.455 корисници на овој вид пензија. Потоа следува семејната пензија, којашто може да ја остварат членови на семејството: брачен другар, деца, родители и слично. Лани таков вид на пензија користеле 75.680 лица, една година претходно 76.391 корисник. Ланската година имало 215 корисници на земјоделска пензија, а за споредба во 2013-та година имало 880 пензионери корисници на овој вид пензија.
Read 254 times