Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ВО ГЕВГЕЛИЈА РЕГИСТРИРАНИ 50 ПРИВАТНИ ИЗДАВАЧИ НА ЛЕГЛА

Бројот на капацитетите за сместување на туристи во Гевгелија постојано се зголемува. Во моментот се регистрирани 50 приватни издавачи на легла во општина Гевгелија, кои на заинтересираните туристи им нудат 400 легла. А, бројот на туристите кои летово престојуваат во Гевгелија, на ден-два, е се поголем. Станува збор, главно, за српски, но и други туристи, кои одат или се враќаат од годишен одмор во соседна Грција. Притоа, задолжително ноќеваат во Гевгелија или околните населби, на тој начин одбегнувајќи го долгото возење и маршрути до последната туристичка дестинација. Ваквата заинтересираност за легла, придонесе голем број гевгеличани да изградат или преуредат објекти во ноќевалишта, кои располагаат со студио соби и апартмани. Најголемиот дел од собите за издавање се наоѓаат во Гевгелија и во Богородица. Согласно Законот за туристичко-угостителска дејност физичките лица кои вршат угостителска дејност сместување од мал обем должни се да се регистрираат во општина Гевгелија. За секое остварено ноќевање, исто така, се должни да платат туристичка такса по гостин. Најголемиот број приватни издавачи на соби ја почитуваат ваквата законска одредба, но, помал број не ги измируваат законските обврски поради што се најавени санции, велат во одделението за ЛЕР во општина Гевгелија.
Read 527 times