Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

САМО СО 3% ОД ДАНОКОТ ЗА СЛОТ МАШИНИТЕ, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА БИ ОСТАНУВАЛЕ ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ГОДИШНО

Како општина се откажавме од приходите што можеме да ги добиеме од рудниците, бидејќи сме еко-општина во која доминираат туризмот и производството на здрава храна. Но, тоа не значи дека не треба да остваруваме некаква добивка од казино бизнисот, кој во општина Гевгелија е развиен поради блискоста до македонско-грчката граниза. Во моментов од данокот на инсталираните слот машини се издвојуваат по 3% за потребите на здравството, кое само од слот машините во трите хотел-казина „Аполонија“, „Принцес“ и „Фламинго“ годишно остварува 1 милион евра. Зошто, тоа не би било случај и со општината, која треба да биде вклучена не само во финансиско искористување на компаративната предност од казино-бизнисот, туку и во постапката за издавање на лиценци на инвеститорите заинтересирани за отворање на казина, каков што е случајот во Словенија. Бидејќи на тој начин општината може директно да влијае на локалниот економски развој, кој во моментот во општина Гевгелија е насочен и се одвива преку туризмот и лесната индустрија, поточно, текстилната, прехранбената индустрија и винарството, рече градоначалникот Сашо Поцков..
Read 638 times