Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ПРОИЗВОДСТВО НА КАЛИНКИ

Oд производство на калинки може да се живее, но само ако се обезбеди пласман на производите надвор од државата. Од еден хектар со квалитетна калинка може да се обезбеди егзистенција, вели Игор Павлов од Валандово, за порталот „Фокус“ Калинката е најчисто овошје, не се прска. Калинката во Валандовско постои уште од нашите дедовци и прадедовци, а имам стари, но и нови насади. Задоволен сум од родот, но не и од откупот. Овде во Валандовско немаме откупен центар ниту гарантиран пласман. Проблемот е што по ветувањето на секоја влада за некакви фабрики за сок за калинка и откупен центар, тоа уште го чекаме и никако да го дочекаме. Нашиот град е познат по калинката, но никој не презема ништо во врска со нејзиниот пласман. Овде луѓето се мачат, продаваат по улици и диви пазари, за 20 или 30 денари, а знаејќи за какво овошје станува збор, тоа воопшто не е добро“, вели тој. Павлов смета дека доколку се отвори откупен центар и се отвори фабрика каде калинките ќе се преработуваат, проблемите на граѓаните ќе бидат решени, а градот ќе блесне во сиот свој сјај. Додава дека пласман треба да се гарантира и за јапонското јаболко, кое се одгледува во Валандово.„Јас во Базел во Швајцарија сум видел дека пола калинка, ронени зрна во чаша чинат 6.40 франци“, додава тој. Во Валандовско виреат и се садат повеќе од шест различни видови на калинки. Калинките имаат широк спектар на лековитост. Сокот од ова овошје содржи големо количество на антиоксиданси, кои го штитат телото од слободните радикали кои се наоѓаат во крвта.
Read 312 times