Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ОД УТРЕ НЕМА ПЛАЌАЊЕ ВО КЕШ НАД 35.000 ДЕНАРИ

Од утре нема да бидат дозволени кеш плаќања во вредност над 500 евра. Ова е обврска од законот за спречување перење пари и финансирање тероризам во кој лани со посебна уредба се ограничи висината на кеш плаќањата. Ова значи дека ако утре појдете во некоја продавница за бела техника на пример, и одберете производ кој чини 35.000 денари нема да може да го платите во готово туку само на картичка или на уплатница во банка. Токму поради тоа досега реагираа и дел од сопствениците на вакви маркети, кои тврдеа дека е можно да им се намали прометот оти прагот е низок. Спуштањето на максималната сума дозволена за плаќање во кеш се правда со потребата да се заштитат трговците и државата од пуштање во промет на пари со сомнително потекло и да се намали сивата економија, а граѓаните во кеш да купат само нешто ситно. Во јануари годинава сумата прво се спушти од 2.000 евра на 1.000 евра, а од утре тој праг ќе се намали на само 500 евра. Оваа забрана ќе важи и за физички и за правни лица, а доколку се прекрши Законот, следуваат казни во износ од 5.000 до 80.000 евра.
Read 224 times