Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

„ВОРИ“ НАЈИНОВАТИВНА СРЕДНА КОМПАНИЈА ЗА 2019

Компаниите „Омега Рисрч“ „Аспект“ и „Вори“ се најиновативните компании прогласени на националниот конкурс за „Иновативно претпријатие на годината 2019“. Тие наградите ги добија во конкуренција од 31 компанија кои се натпреваруваа во три категории. Сите три добија признание за успешност и парична награда од 200.000 денари. Во категоријата најиновативна стартап компанија, наградата ја понесе „Омега Рисрч“ со иновацијата „Иднината на козметиката“, 100 % органска, јадлива и вкусна козметика. Компанијата „Аспект“ со иновацијата „Дигитален онлајн финансиски сервис“ го доби признанието за најиновативна мала компанија. Иновативното решение на компанијата е имплементирано на пазарот во Мадагаскар и е нова и единствена услуга од овој тип во поголем дел од Африканскиот регион. Во категоријата најиновативна средна компанија, наградата ја доби „Вори“ од Гевгелија, компанија со повеќе од 25 години искуство и добитник на бројни награди и признанија, за иновацијата „Готови здрави оброци во мали стакленки“. Конкурсот „Иновативно претпријатие на годината“ е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската унија.
Read 2284 times