Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ГЕВГЕЛИЈА И СТРУМИЦА ПРАВАТ МИЛИОНИ ЕВРА ОД АЈВАР

Четири големи македонски капацитети за преработка и конзервирање зеленчуци и овошје лани направиле приходи од 25 милиони евра. Резултат за почит, кој покажува дека има бизнис во производството и конзервирањето на зеленчуци и овошје. Сите четири компании се со седишта во југоисточна Македонија и по две во Струмица и околијата и другите две во Гевгелија. Најголеми приходи од продажба лани има „Тргопродукт“ од струмичко Дабиле и тие изнесуваат 10 милиони евра . Нејзината фирма мајка е „Мамас Фоод“ од Струмица која произведува фантастичен деликатес – традиционален ајвар а оваа компанија лани има 4,76 милиони евра приходи . Поуспешна од гевгелиските фирми лани била ДИЕМ и нејзините приходи достигнале 6,5 милиони евра што е за 17 отсто повеќе од претходната година. Другиот гевгелиски бренд од конервната индсутрија е „Випро“ и неговите приходи лани се 4,14 милиони евра.
Read 440 times