Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

РАКИЈА ОД ЈАПОНСКО ЈАБОЛКО СЕ ПРАВИ САМО ВО СТОЈАКОВО

Сигурно ви е познато дека ракијата се прави исклучиво од овошје, и тоа најчесто од грозје и слива. Ракијата може да се прави и од кајсии, круши, јаболка, праски, дудинки и други сочни овошја.Но, од неодамна, еден жител на Стојаково, Костадин Воданов, успеа за прв пат во Македонија да направи ракија од јапонско јаболко. Имал човекот желба за тоа, експериментирал над пет години и, на крајот, му успеало она што до сега никој не го направил во нашата држава, а можеби и пошироко. Костадин вели дека знае за луѓе кои направиле ваква ракија но во многу мали количини, само две до три литра. А, тој оваа година направил неверојатни 300 литра ракија од јапонско јаболко. Тајната, вели нашиот соговорник е во казанот во кој треба да се свари ракијата 3 до 4 часа и во тројната дестилација, односно е препечувана три пати. Со тоа сите штетни состојки се отстранети од крајниот производ. Јачината на ракијата е од 40 до 42 проценти, бидејќи со производство на ракија од јапонско јаболко која би имала јачина над 45 проценти, се губи од квалитетот. Стручњак од соседна Грција извршил хемиско испитување на ракијата од јапонско јаболко и дошол до заклучок дека се работи за извонредно добар квалитет, а како што изјавил, нејзиниот вкус и квалитет е рамен на вискито „Џек Даниелс“. Сега засега Воданов нема намера да го брендира овој свој производ, но со тек на времето ќе го стори тоа и се надева дека целиот свет ќе дознае за оваа необична ракија од јапонско јаболко.
Read 3232 times