Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ОТВОРЕН 86-ОТ ЗЕМЈОДЕЛСКИ САЕМ ВО НОВИ САД

Во саботата на 11 мај, беше отворен, во Нови Сад, Република Србија, Меѓународниот земјоделски саем. На овогодишното 86-то по ред издание на оваа престижна манифестација, своите производи и услуги ги претставуваат 1518 фирми, институции и организации од Србија и од странство. На саемот свои штандови имаат повеќе фирми и од Македонија, а меѓу нив се и две фирми од општина Гевгелија, ВИПРО и ХИНА. ВИПРО од Гевгелија е компанија од преработувачката индустрија на храна, која прва го воведе home-made типот на производи во индустриско производство, како што се домашниот ајвар, лутеницата, пинџурот, слаткото и слични други преработки од зеленчук и овошје. Тие повторно го ревитализираат вкусот на нашите баби и дедовци, односно дел од вкусовите од Југоисточна Европа, Медитеранот и Македонија, кои се пример за здрава храна. Минатата година, на саемот во Нови Сад, ХИНА за својот домашен благ ајвар го доби епитетот “Кралот на зимницата” кој беше прогласен за шампион за квалитет во групата на слични производи. Оваа година освен со домашниот ајвар тие се застапени и со индустрискиот ајвар, лутеницата и ѓувечот. Во фокусот на саемот оваа година ќе биде органското производство на храна кое е актуелно во светот.
Read 223 times