Тел: +389076437227 
21 Nov, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

КОНТИ ХИДРОПЛАСТ, 20 ГОДИНИ ОДРЖЛИВ КВАЛИТЕТ

Од сертификационото тело Quality Austria Center , од Австрија ,оваа година Конти Хидропласт доби признание за 20 години одржлив квалитет на ниво на организација и квалитет на производство, преку стандардот за квалитет ИСО 9001. Овој стандард, оваа реномирана гевгелиска фирма го имплементираше токму пред 20 години. Се работи за најуспешен стандард на Меѓународната организација за стандардизација кој стана важна алатка на новите ЕУ директиви во насока на јакнењето на заедничкиот европски пазар. Конти Хидропласт е извозно ориентирана македонска компанија, за производство на ПЕ (полиетиленски) и ПП (полипропиленски) црева и цевки. Конти Хидропласт е основана во 1975 година во Гевгелија, примарно како мала фабрика за производство на алати и елементи од лиена пластика По успешниот старт потпомогнати од искуството здобиено со успешно реализираните проекти на територијата на Република Македонија, денес Конти Хидропласт е извозно ориентирана, и 95% од своите производи ги пласира на меѓународните пазари. Конти Хидропласт препознатливоста на пазарот ја стекна преку квалитетна понуда и постојана примена на флексибилност во работењето, што е многу важно во индустрија каде што комплексноста на менаџирањето на сите процеси е прилично голема. Еден од клучните фактори за одржливост покрај големата конкуренција е константното реинвестирање во иновативни технологии и стремеж кон генерален технолошки напредок. Комбинацијата на сите овие клучни фактори придонесе Конти Хидропласт да игра важна улога на домашниот и на странските пазари со постојана присутност на сите значајни и споредни инфраструктурни проекти.
Read 1717 times Last modified on Thursday, 23 May 2019 14:04