Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

„МАКОТЕН„ ОД ГЕВГЕЛИЈА ВО ТОП 50 НАЈГОЛЕМИ РАБОТОДАВАЧИ

Мал е бројот на фирми во Македонија кои можат да се наречат големи работодавци. Статистиката вели дека само 236 компании во Македонија од вкупно 71.490 фирми имаат повеќе од 250 вработени. Една од тие фирми е „Макотен“ од Гевгелија, која е регистрирана за дејноста коцкање и обложување и која вработува 590 луѓе. Сопственици на Фламинго се австриската групација специјализирана за игри на среќа, Новоматик. За викендите, според некои процени, околу 6.000 Грци влегуваат во земјава, а нивна крајна дестинација се казината. Најпосетено е казиното „Фламинго“, најраскошен и најлуксузен објект, лоциран на македонско-грчката граница. Според информациите, „Фламинго“, најпознатото казино во земјава и плаќа месечен паушал на државата од околу 300 илјади евра, а заедно со даноците за платите на околу 600 вработени лица, давачките изнесуваат околу половина милион евра месечно, кои се слеваат во државната каса.
Read 985 times