Тел: +389076437227 
24 Aug, 2019
Log in

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me

ПОГОЛЕМО УЧЕСТВО НА ЖЕНИТЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство работи на измена на Националната програма за земјоделство и рурален развој за периодот 2018-2022, конкретно за изменување и дополнување со специфична мерка наменета за жените кои живеат во руралните средини и кои се дел од земјоделско стопанство. Планот е преку оваа мерка да се создаде поддршка во вид на неповратни грантови во висина до 180.000 денари по корисник, за вршење на дополнителна дејност во рамки на земјоделското стопанство. Односно, жените ќе можат да започнат со преработувачка или занаетчиска дејност, користејќи ги ресурсите од сопственото производство. Исто така, при конкурирањето за одредени мерки од европската ИПАРД Програма и од националната Програма за рурален развој, жените фармери имаат предност, односно добиваат повеќе поени при рангирањето. Жените – земјоделки кои живеат во руралните средини се соочуваат со голем број проблеми. Концептот на еднакви можности означува дека жените и мажите треба да имаат еднакво учество во секој сегмент од живеењето. Инаку, земјоделството учествува со околу 10% во националниот бруто-домашен прозивод и во него работи околу 17% од работната сила во земјата, а од нив само една третина се жени. Патријахалната структура, локалните обичаи, културните и традиционални општествени норми се уште придонесуваат за лошата социо-економска положба на руралните жени.
Read 331 times