Пејчо Илиев, познатиот гевгелиски и македонски бизнисмен, основач на познатиот кафе-бренд „Паскалин“, на ладилникот и откупно дистрибутивниот центар Ледро Агро, на фирмата „БаЏо компани“, почина ненадејно од срцев удар во 53 година од животот.
Општина Гевгелија, и Македонија, со неговата прерана смрт, изгубија неуморен стопанственик, човек кој целиот свој живот го посвети на создавање на компании со кои го освојуваше пазарот со квалитетни и современи производи, модерен бизнисмен кој гевгелиската економија ја промовираше на најдобар можен начин.
Гевгеличани ќе го паметат по помагањето на голем број спортски, културни и хуманитарни настани, а Телевизија Нова 12 како долгогодишен и ценет деловен партнер. Погребот на посмртните останки на Пејчо Илиев се изврши денеска на Градските гробишта во Гевгелија во присуство на неговите најблиски, на неговите многубројни пријатели и бизнис партнери.