ИН МЕМОРИАМ – МИТКО МУРЏЕВ-ЖИВА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА ГЕВГЕЛИСКИТЕ КУЛТУРНИ НАСТАНИ

Деновиве не напушти Митко Мурџев. Тој целиот свој живот го има посветено на развојот на културата и уметноста во Гевгелија, има дадено голем влог во организирањето и во одржувањето на културното живеење на својот роден град. Неговиот живот беше необичен и различен од другите, беше човек кој на дело покажа во што се состои еден убав и богат живот со смисла. 
 
Во 40-те години на културно-уметничкото дејствување, Митко Мурџев создаваше театарски претстави заедно со Мите Грозданов во Гевгелискиот театар, ги организираше првите гитаријади во Македонија, ликовната колонија „Дојрана“, поетското списание „Јужен глас“ со Атанас Вангелов, изборот „Најдобар аматерски глас“ заедно со весникот ВЕЧЕР, вокално-инструменталната група „Сиртаки“, сними две плочи за „Југотон“ со Наско Џорлев и Живко Дуев, од кои „Возовите што одат“ била продадена во 150.000 примероци, раководеше со КУД „Јосиф Јосифовски“
 
Да ги споменеме и фолклорните настапи во повеќе земји во Европа, учеството со Илија Џаџев на приредбата во Универзална сала посветена на солидарноста со Палестина и настраданите од земјотресот во Бања Лука, организирањето гостувања на најголемите југословенски имиња од забавната и од народната музика…
Како признание за се она што Митко Мурџев направил за развојот на културата и уметноста, градот Гевгелија во 1994 година му го доделува најголемото општинско признание, наградата „7-ми Ноември“ за врвни резултати во културата.
 
Нека му е вечна слава

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *