ИГОР ИЛКОВ : ЗA ПЧЕЛАРИТЕ Е НЕУМЕСНО ДА ПЛАЌААТ ПАШАРИНА ЗА ПЧЕЛИТЕ, ОНИЕ КОИ ЈА СПАСУВААТ НАШАТА ПЛАНЕТА.

Игор Илков, од Пчеларската фарма Илкови од Негорци, долгогодишен пчелар и добитник на многубројни признанија во земјата и во странство за квалитетот на медот што го произведува, како апсурдна и неумесна ја коментира најновата предлог мерка на Владата според која пчеларите во иднина ќе треба да плаќаат одреден износ за колективно напасување на пчелите, таканаречена пашарина.
Тој објаснува дека наместо државата да ги стимулира, таа ги обременува со нови трошоци. И онака, вели тој ние, пчеларите имаме трошоци за одгледувањето на пчелите, а секоја година е сѐ полоша и количините на мед се се помали. Според него, оваа мерка ќе ги демотивира луѓето да се занимаваат со пчеларство
Според Предлог законот за пасишта кој е објавен на националниот регистер на прописи (ЕНЕР), со членот 23 се предвидува за колективно напасување дека пчеларите ќе плаќаат по 0,3% од просечна годишна плата по пчелно семејсто.
Покрај ова пчеларите кои закупиле пасиште во државна сопственост ќе треба да платат и одредена закупнина која е постигната за време на јавното наддавање за давање под закуп на пасиштето. Најмал период на земање под закуп на пасиштето е 5 години за пасишта кои не се регистрирани односно на кои не е извршена негова инвентаризација, на 10 години за напасување на ситен и крупен добиток или до 30 години, ако се користи за спортско-рекреативни активности и рурален туризам или производство производи од добитокот.
Во Македонија има околу 6.000 пчелари со околу 230.000 пчелни семејства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *