ИАКО „КМФ ПРОЕКТ“ НЕ УСПЕА ДА ЗАИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ ВО ФУТСАЛ, ОСТАВИ ДОБАР ВПЕЧАТОК.

КМФ Проект од Јосифово, македонскиот футсал шампион, не успеа да обезбеди пласман во главната фаза од Лигата на шампиони. Во спортската сала ,,26 ти Април’’ во Гевгелија, нашиот шампион претрпе пораз од Луксол Сент Ендрјус од Малта со 5:0 со што ги заврши настапите во Лигата на шампионите.
Се покажа дека клубот од Малта, „Луксол“, кој е составен од тројца бразилци, еден грузиец и голман од Норвешка е преголем залак за „КМФ Проект“ Овој тим доминираше на теренот додека македонскиот првак се обидуваше да ги искористи тешко изградените шанси но не можеше да го најде вистинското решение. Дебитантот во Лигата на шампиони не успеа ниту како најдобра второпласирана екипа од групите да се најде во следната фаза
Малтешкиот Лусколо со три победи го освоија првото место во групата А и обезбедија пласман во следната фаза. КФМ Проект во групата успеа да ги совлада израелски Делфин Ашдод со 6-0, додека потоа триумфираше против Цефин Друидс со 8-1.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *