И ВО ГЕВГЕЛИЈА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 БЕЗ ЗАКАЖАН ТЕРМИН
Министерството за здравство почнувајќи од денес вакцината за Ковид 19* ја направи достапна за секој граѓанин, без разлика во кое место од државата живее.До сега, во вакциналниот пункт во Гевгелија се примаа лица со закажан терминза вакцинација, но од денес, понеделник, 12 јули започна да се изведува вакцинација и на граѓани кои доброволно ќе се јават на вакциналниот пункт во Општата болница со проширена дејност. Постарите од 60 години се вакцинираат со Астра Зенека, додека другите со вакцината Синовак. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација и да се јави на пунктот во времето од 08 часот до 14 часот, секој ден. Според препораките, децата од 12 до 16 години за кои од денеска е дозволена вакцинација ќе се* имунизираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство одпроизводителот го дозволува тоа, но бидејќи во Вакциналниот пункт нема од овој тип на вакцина, заинтересираните млади тоа може да го сторат во најблиските здравни домови кои ја поседуваат оваа вакцина.Денеска се изготвува и планот за теренска вакцинација преку кој ќе бидат посетени сите населени места во општина Гевгелија, а за термините во кои ќе се извршат вакцинирањата во овие места граѓаните ќе бидат информирани преку локалната самоуправа, месните заедници и локалните медиуми.Министерството за здравство ги повикува граѓаните да се вакцинираат, сите вакцини кои ги имаме кај нас се безбедни и ефикасни. Сите вакцини спречувааттешки симптоми или смрт од корона вирусот.**Во Гевгелија заклучно со минатиот месец беа вакцинирани над 3.000 граѓани.