И ОВАА ГОДИНА СЕ ОДРЖА „ДОЈРАН ГУРМАН ФЕСТ“

Дојранските домаќинки и Општина Дојран, и оваа година го организираа традиционалниот фестивал на храна, обичаи и култура „Дојран Гурман Фест“, што се одржа во Градскиот парк во Нов Дојран.
За оваа прилика во паркот беше поставена богата трпеза со традиционални дојрански специјалитети од риба чии што рецепти, велат домаќинките, се пренесуваат од колено на колено уште од времето на нивните прабаби до денес.
Присутните гости на фестивалот имаа можност да вкусат специјалитети карактеристични за ова поднебје, како што се риба на трска, ќофтиња од икра, крашник со крап, фригани риби, млечник и познатите дојрански татлии.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *