И ДЕЦАТА ОД ГРАДИНКИТЕ ЈА ПРАЗНУВААТ СВЕТСКАТА НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО

Детските градинки од општина Гевгелија започнаа со активностите за одбележување на Светската недела на детето. Под мотото „Детето е дете да го сакате и разберете“, денеска, активностите започнаа со разговор посветен на Конвенцијата на детските права и обработка на стихотворба на истата тематка.
Во наредните денови од неделата, до 9 октомври, за децата од претшколската возраст се предвидени и активности од областа на спортот и културата. Како детска олимпијада под мотото „Спортувам, се движам, за здравјето се грижам“, куклена претстава на тема „Детските права не се учат, туку се живеат секој ден“, музичка точка „Нека победи највеселиот“ и активности од областа на ликовната уметност со мотото „Имам право да празнувам“. Предвидена е активност- цртање со креди во дворот по повод државниот празник 11 Октомври на тема „Знамето на мојата татковина“со мотото „Имам право да празнувам“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *