ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА „ПОДАРИ РАДОСТ ЗА РОЖДЕСТВО“

Од 15-ти декември до 6-ти јануари, Гевгелиското архиерејско намесништво, со благослов на Митропол Повардарски, господин Агатангел и оваа година, по петти пат ја организираа хуманитарната акција „Подари Радост на Рождество“, за собирање донации во прехрамбени продукти и средства за лична хигиена по повод Новогодишните и Божиќни празници. Во акцијата учествуваа голем број на поедници, фирми од општината, како и самото Архиерејско намесништво, при што се собраа продукти и се направија 156 пакети.

Намесништвото изразува благодарност до сите оние, што се одзваа на повикот за Хуманитарната Акција, а подготвените пакет – производи ќе бидат поделени денес, на Бадник, на семејствата од социјален ризик, во нашата Гевгелија, во Црквата „Свети Кирил и Методиј“

 Оваа година нема да има Бадникова Поворка, но ќе се потрудиме да на секое дете на Божиќ да му дадеме Божиќен подарок – пакетче. Изјави отец Русе Жекоски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *