Општинската организација на Црвен крст Гевгелија заедно со Фондација Аполонија, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, ги поканува заинтересираните граѓани на традиционалната крводарителска акција “АПОЛОНИЈА ДЕН НА КРВОДАРУВАЊЕТО”
Крводарителска акција ќе се одржи на ден 22.12. 2021 год. (среда) во периодот од 9 до 14ч, во просториите на Хотел Аполонија.
Сите заинтересирани крводарители да се јават на 077 750 120 или пријават на рецепцијата на Хотел Аполонија.
За хуманите крводарители следуваат симболични подароци од организаторите.
Дарувањето крв претставува гест на хуманост, Вашата капка крв може да спаси нечиј живот, затоа ДАРУВАЈТЕ крв!
ЗАТОА ШТО ОНОЈ КОЈ ДАВА, ДОБИВА ПОВЕЌЕ ОД ОНОЈ КОЈ ПРИМА.
Фондацијата Аполонија. оваа хумана акција ја организира двапати во годината од 2010-тата година па се до денес.