ХУМАНА АКЦИЈА НА „CHANGEMAKERS4ALL“ И „MICRODONIA“ НА ЈАН ЗВИЕРС ЗА ДОНАЦИЈА НА ГОЛФ ПАТЕКИ, ХЕПА ФИЛТРИ, СПОРТСКА И ПОЖАРНИКАРСКА ОПРЕМА ЗА ЧЕТИРИ ИНСТИТУЦИИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Преднеколку дена во нашиот град пристигна камион со донирани предмети и опрема од кралството Холандија.
Голем дел од просторот во камионот го зазедоа видџед голф патеките (widged golfbaan) донирани на жителите на општина Гевгелија а во овие активности ке бидат вклучени лицата со посебни потреби од центарот Мајка Тереза и дневниот центар за лица со посебни потреби кој се наоѓа на улица Илинденска.
.
Најверојатната локацијата за видџет голф игралиштето ќе биде во близина на старата касарна во Гевгелија а поставуањето и монтирањето ќе биде во текот на септември.
Благодарност до Микродониа за довербата, долгата соработка со ChangeMakers4All, како и за плаќањето на сите трошкови за донациите кои доаѓаат од кралството Холандија.
Хепа филтрите ќе бидат донирани на Општата болница во Гевгелија, спортската опрема ќе биде наменета за учениците на „Климент Охридски“ во Миравци, додека пожарникарската опрема ќе оди во ТППЕ Гевгелија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *