ГРУПАТА „WHITESNAKE “ ЌЕ НАСТАПИ ВО СКОПЈЕ НА 12 ЈУЛИ 2022 ГОДИНА, НА СВОЈАТА ПРОШТАЛНА ТУРНЕЈА

Легендарната хард рок група „WHITESNAKE“ уште еднаш ќе ја посети Македонија, овојпат во рамките на она што е најавено како нејзина проштална турнеја. Организаторот „Авалон продукција“ објави дека Дејвид Кoвердејл и друштвото доаѓаат во Скопје на 12 јули следната година, а концертот ќе се одржи на стадионот на АРМ.
Тоа ќе биде трето гостување на „Вајтснејк“ во Скопје во изминатите десетина години, по претходните настапи на лизгалиштето и во арената „Борис Трајковски“.
Кавердејл ја формираше „Вајтснејк“ во 1978 по заминувањето од „Дип парпл“ и со неа сними 13 албуми, од кои последниот излезе пред две години. Сега веќе 70-годишен, тој потврди дека дефинитивно ќе се пензионира по завршувањето на турнејата, но тоа сепак нема да се случи наскоро, бидејќи таа постојано се дополнува со нови датуми.
Групата ова лето објави дека кон поставата го приклучува и хрватскиот пејач Дино Јелусиќ, во улога на придружен вокал.
May be an image of 7 people and people playing musical instruments
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *