ГРУПАЦИЈАТА „НОВОМАТИК МАКЕДОНИЈА(ХОТЕЛ КАЗИНО „ФЛАМИНГО“ ВО ГЕВГЕЛИЈА И СКОПЈЕ, АДМИРАЛ И АСТРА КАЗИНО) И АПЕКС МАКЕДОНИЈА ПРЕДУПРЕДУВААТ:СО НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА, 10.000 ЛУЃЕ ЌЕ ГИ ЗАГУБАТ СВОИТЕ РАБОТНИ МЕСТА!

Во врска со Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа, кој министерството за финансии, неодамна го објави на ЕНЕР, Групацијата „Новоматик Македонија“ и „Апекс Македонија“, го соопштува следниот став:
Апелираме до надлежните институции да не преземаат чекори кои ќе ги зголемат веќе напластените тешки економски последици од светската пандемија со „Ковид-19“.
 
Предложените законски измени директно засегаат 10 000 луѓе, кои ќе ги загубат своите работни места. Државата ќе изгуби 280 милиони евра на годишно ниво. Доколку, Владата и Собранието инсистираат по секоја цена да протуркаат вакви измени, ќе треба да преземат одговорност што со затворањето на еден легален економски сектор ќе предизвикаат отворање на објекти каде ќе се игра на црно, каде државата ќе нема ниту контрола, ниту ќе остварува буџетски приливи.
 
Приходите ќе завршуваат во приватни џебови, без да се плаќаат лиценци и даноци. Тоа е вовед во хаос и враќање на државата децении наназад.
Недозволиво е за еден економски сектор кој секоја година придонесува во државниот Буџет околу 280 милиони евра и вработува помеѓу 8000 и 10000 луѓе, да не биде консултиран за законските измени на законот за игри на среќа.
 
Како претставници на реномирани компании од ЕУ бараме од Владата на Република Северна Македонија ист третман како и кон другите странски инвеститори во земјата.
Подолг период индустријата игри на среќа е цел на негативна кампања со која се креира перцепција дека во автомат клубовите се одвивале нелегални активности, во кои наводно влегуваш здрав, а излегуваш болен од зависност од игри на среќа.
 
Целосна невистина е дека објектите се ризични по нашата младина. Не постои записник на инспекциските служби каде е евидентирано присуство на малолетник во автомат клубовите кои се во наша надлежност, што е исклучителна потврда дека ние сме врвни професионалци, општествено одговорни компании кои го штитат јавниот интерес 100% и неселективно ги спроведуваме законските норми.
 
Дистанца 500 метри од основни и средни училишта е гол популизам. Бидејќи, малолетните ученици пешачејќи или возејќи се во автомобил или автобус до училиштето каде посетуваат настава, повторно ќе мора да поминуваат покрај објектите каде се организираат игри на среќа. Аргументот дека називите на фирмите и излозите на спортските обложувалници и автомат клубовите ги привлекуваат малолетниците и наводно така преку очите им се создава навика за игри на среќа, се неодржливи и немаат допирна точка со реалноста.
 
Евентуалното прифаќање на предлогот за дислокација на автомат клубовите и обложувалниците на 500 метри од основни и средни училишта ќе значи целосно затворање на оваа индустрија. Согласно постоечката инфраструктурна поставеност, одредено дистанцирање од едно училиште, ќе го приближи објектот до друго училиште. Овој промашен концепт освен клуч за индустријата ќе предизвика и тужби за надомест на штета кои ќе завршат на адреса на Владата и ќе предизвикаат многу сериозни финансиски импликации по државниот Буџет.
 
Особено што предложените законски измени содржат дискриминаторски, противуставни одредби кои предвидуваат ретроактивно дејство за веќе завршена правно-финансиска работа.
Ние не сме против законски измени, туку сме против нелогични, спорни, противуставни и политички мотивирани измени.
 
Сметаме дека е најдобро министерството за финансии да го повлече Предлогот на закон за изменување и дополнување на законот за игри на среќа. Подготвени сме со свои правни експерти активно да се вклучиме во изготвување на нови законски измени, кои би се правеле транспарентно и со вклученост на сите засегнати страни. Одговорно тврдиме дека постојат повеќе опции заштитата на малолетниците да биде уште повеќе зајакната, а државата да ги остварува и понатаму постоечките буџетски приливи. Доволно е само изготвувачите на законот да не консултираат и решенијата ќе излезат на виделина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *