ГРАЃАНИТЕ ДА ГО ИСКОРИСТАТ ВРЕМЕТО ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОЏАЦИТЕ, АПЕЛИРААТ ОД ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА!

Од Гевгелиската Територијално противпожарна единица апелираат до физичките и правните лица да го искористат овој период и да извршат чистење на оџаците на почетокот на грејната сезона. Од таму велат дека во текот на минатата грејна сезона, од месец октомври 2020 до месец април 2021, во гевгелискиот регион се регистрирани 18 пожари на колективни и приватни станбени објекти предизвикани од неисчистени оџаци. Командирот на единицата, Игор Ризов, упати апел до граѓаните на општина Гевгелија да се искористат овие денови да се изврши чистење на оџаците што преставува и законска обрска на правните и физичките лица, но исто така да се провери исправноста и на електричната инсталација и на електричните грејни тела кои се користат во зимскиот период за затоплување. Исто така тој напомена дека во претходниот период се забележани случаи на пожари од заборавени полначи за телефони како и полначи за батерии на технички апарати.
Казните за неисчистени оџаци или димоводни канали како што кажаа од Дирекцијата за заштита и спасување се движат од 500 евра за физички лица и 2500 евра за правните лица. Освен парични казни може да следуваат и кривични пријави
May be an image of outdoors
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *