ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ: ОЧЕКУВАМ ЗА ДВЕ ДО ТРИ НЕДЕЛИ ДА ЗАПОЧНЕ ДЕПОНИРАЊЕТО НА КОМУНАЛНИОТ ОТПАД ВО НОВАТА ВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА СО ШТО ЌЕ СЕ СОЗДАДАТ УСЛОВИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА СТАРАТА ДЕПОНИЈА.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денес ја посети Времената депонија кај Ново Конско, каде што ЈПКД „Комуналец“ работи на отстранување на одредени недостатоци. Притоа, градоначалникот изрази уверување дека постојат реални можности до крајот на годината да започне депонирањето на комуналниот отпад во Новата депонија. Како што е познато, Времената депонија беше изградена со јапонски грант обезбеден од УНДП, по мигрантската криза, заради зголеменото количество на комунален отпад и неопходното дислоцирање на старата дива депонија кај Сува Река.
Тој потврди дека многу скоро ќе започне и ревитализацијата на Старата депонија, со која се предвидува чистењето на натрупаниот отпад и уредување на просторот. Со изведувачот веќе е потпишан договор за изведба, а Министерството за животна средина го води проектот.
Отстранувањето на дивата депонија, истакна Сарамандов, е еден од моите први приоритети од мојата програма, па оттука и настојувам што побрзо да профункционира новата Времена депонија.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *