ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ЈА ПОЗДРАВИ ИДЕАТА ЗА ПОВТОРНО ФОРМИРАЊЕ НА ШАХОВСКИОТ КЛУБ „7 НОЕМВРИ“

Во минатото доста популарна игра меѓу гевгеличани беше и шаховската игра. Градската шаховска екипа „Ново поколение“, односно „7 Ноември“ во еден момент броеше и над 100 членови. Најголем успех во шахот имаат постигнато Живко Јаневски, светски првак во проблемски шах,  Венци Попов, кој три пати беше младински првак на Македонија, и Ѓорги Прошев. Неколкумина ентузијасти, меѓу кои Пепи Танчев, Слободан Дачев, Борче Најдески, Борче Танчев, Петар Димов и Славчо Кочев, неодамна повторно го оформија Шаховскиот клуб „7 Ноември“, овој пат под име „7 Ноември 2021“. Тие беа примени  од градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата на Сарамандов со претседателот на Клубот, Пепи Танчев и секретарот Слободан Дачев стана збор за активностите на Шаховскиот клуб и соработката со Општина Гевгелија.


            Градоначалникот Сарамандов ја изрази својата поддршка, особено, кога станува збор за обновување на клубови кои во минатото биле во функција и од големо значење за развивање на спортскиот живот во градот. Оттука и отвореноста за соработката, имајќи предвид дека во Гевгелија имало и има вљубеници во шахот, како и од реалната потреба за повторно профункционирање на ваков градски клуб. Секако, и идејата за членување на млади во Клубот, кои преку шаховската игра ќе ја развиваат интелигенцијата и комбинаториката. Тој посака на клубскиот тим успешна работа во иднина и постигање добри резултати на домашни и меѓународни шаховски првенства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *