ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ГО ПОСЕТИ ПРВОТО БЕБЕ РОДЕНО ВО 2022 ГОДИНА ВО ГЕВГЕЛИЈА
Традиционално, гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов, денеска, во придружба на директорот на Општата болница во Гевгелија, Митко Крџев, ги посети првото бебе родено оваа година во Гевгелија и неговата мајка Пепита,при што покрај четитките, им упати желби за добро здравје на целото семејство Спасови.
Градоначалникот Сарамандов на новореденчето му подари 10.000 денари од Општина Гевгелија и пригодни подароци за него и неговата мајка.
Првороденото бебе во општина Гевгелија во 2022 година го донесе на свет во одделот за гинекологија и акушерство во Општата болница со проширена дејност во Гевгелија, на 1 јануари, во попладневните часови мајката Пепита Спасова од гевгелиското село Давидово. Детето, кое ќе го носи името Стефан, е тешко 3 килограми и 150 грама, долго 50 сантиметри и е прво дете во фамилијата Спасови.