ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ДАДЕ ОТЧЕТ ЗА ДВЕГОДИШНОТО РАБОТЕЊЕ

„ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО ПОСВЕТЕНА РАБОТА ДА ЈА РАЗВИВАМЕ ГЕВГЕЛИЈА КАКО УРБАНА ЗАЕДНИЦА ОД ЕВРОПСКИ ТИП“.
 
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов синоќа во Народниот театар, пред своите сограѓани даде отчет за сработеното. При тоа посочи дека во Општина Гевгелија во изминативе две години, тој, заедно со општинската администрација настојуваше да ги подобри условите за урбано живеење на своите граѓани.
Тоа е остварено, истакна Сарамандов, со реализација и финиширање на повеќе проекти од патната и комуналната инфраструктура на целата територија на општина Гевгелија. Но и преку решавање на повеќе барања и проблеми иницирани од самите граѓани.
 
Многу проекти се реализираа од областа на труд и социјална политика, од образованието, културата, спортот, а изработивме и туристичка платформа за афирмација на нашиот град, нагласи Сарамандов.На тој начин се обезбедува основа за подобрување на квалитетот на услугите и квалитетот на живеење во градот и во населените места.
Вложуваме повеќе, но, добиваме повеќе. Во периодот што следи, рече на крајот Сарамандов, продолжуваме по истиот пат, да ги финишираме започнатите активности, да започнеме со реализација на нови проекти и да ја афирмираме Гевгелија и општината како значајна туристичка дестинација. 
 
Истовремено, како локална самоуправа имаме обврска да обезбедиме услови и да привлечеме нови инвестициони вложувања. Во изминатиот период покажавме дека можеме да се справиме со предизвиците и во соработка со граѓаните и со наша целосна мотивираност и ангажираност, да направиме Гевгелија забрзано да се развива.
Ќе продолжам, истакна тој, со посветена работа Гевгелија да се развива во една урбана заедница по примерот на европските општини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *