ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САРАМАНДОВ ПОТПИША ПРИСТАПНИЦА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЦРВЕНИОТ КРСТ- ОО ГЕВГЕЛИЈА.

Црвен крст- ОО Гевгелија ја одбележува Неделата на грижа застарите лица. За таа цел, беше организирана едукативна работилница на тема „Здраво и активно стареење – важен дел од нашиот живот“ за пензионерите од Гевгелија, Богданци и Дојран. По тој повод, Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска го посети Црвен крст- ОО Гевгелија. Имено, на средбата со секретарот Лазар Мешков разговараа за претстојните активности на хуманитарната организација, при што Сарамандов ја изрази својата поддршка, истакнувајќи дека Општина Гевгелија е отворена за соработка. За што, наскоро ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и Црвен крст- Гевгелија . Со потпишувањето пристапница, градоначалникот Сарамандов официјално стана член на семејството на Црвен крст- Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *