ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА АНДОН САРАМАНДОВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На денешната конститутивна седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија, беше избран за нов претседател на Советот. Одлуката беше едногласно донесена од страна на сите членови на Советот за развој на ЈИПР, во кој членуваат градоначалниците на десетте општини кои влегуваат во Југоисточниот плански регион. На тој начин ја изразија довербата Сарамандов во наредните 12 месеци да раководи со Советот за развој и да ги координира активностите на ова тело, кое носи одлуки, дава предлози и расправа за сите актуелни прашања од интерес на сите општини, кои се дел од Југоисточниот плански регион.
-Најпрво сакам на сите новоизбрани Градоначалници да им
честитам
 
и да им посакам успешна работа. Исто така, изразувам огромна благодарност до градоначалниците на сите општини за довербата, но и големата обврска која ми ја дадовте, да бидам претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион и да ги координирам активностите во следните 12 месеци. Сите заедно треба да вложиме многу енергија и да создадеме подобра иднина во секоја општина. Сметам дека со многу работа ќе ја придвижиме работата кон подобро. Очекувам добра соработка и честа комуникација со цел да ја искористиме секоја можност да создадеме идеја, таа идеја да прерасне во проект, за на крај граѓаните во нашите општини да добиваат решенија на многуте проблеми, истакна во своето обраќање новоизбраниот претседател на Советот за развој на ЈИПР, Андон Сарамандов.
-Ќе бидеме отворени и транспарентни за граѓаните од сите 10 општини, кои се дел од ЈИПР. Притоа, предност ќе им дадеме на сите регионални проекти, кои се издржани и пред се квалитетни на подолг рок.Потребни ни се трајни решенија, кои ќе овозможат поквалитетен живот во сите рурални и градски средини. Наша обврска е Југоисточниот плански регион да го направиме попривлечен и за инвестиции и за живеење, нагласи Сарамандов.
Инаку, Советот за развој на денешната седница донесе и одлука за отпочнување на постапка за избор на еден претставник од бизнис заедницата во Советот за развој, како и јавен повик за избор на еден член во Советот за развој, со мандат од четири години. Исто така, Советот беше информиран и за наредните активности, така што беше договорено втората седница на Советот за развој да се одржи во Гевгелија, на 30 ноември 2022 година.
На самиот почеток на денешната седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, новоизбраниот претседател на Советот и градоначалник на Општина Гевгелија Андон Сарамандов изрази сочувство:
-По жалната вест за трагичниот настан, сообраќајната несреќа во Бугарија, во која животот згасна за 46 наши државјани, изразувам длабоко сочувство до семејствата за загубата на нивните најблиски. Загубата е огромна и затоа сочувствуваме со семејствата на загинатите. Трагедијата за која нема утеха остави длабока тага кај сите нас. На седуммината преживеани и хоспитализирани патници, им посакувам побрзо заздравување.
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *