Во трката на 10 километри, Тодор Анчев го освои првото место, додека Дарко Прошевски беше четврти.. Во трката на 5 километри прв низ целта помина Атанас Епов, додека кај жените Наташа Демерџиева го освои третото место.
И младите атлетичари постигнаа одлични резултати. Така во детската трка на 1,6 километри кај машките и кај женските, првите места ги освоија гевгеличани, Максим Ангов и Хана Клинкарова. На оваа трка настапи и Матеа Танова.