ГОДИШНО, СЕКОЈ ОД НАС СОЗДАВА 467 КИЛОГРАМИ КОМУНАЛЕН ОТПАД
Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856.766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3,3 отсто повеќе од 2021 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2022 година изнесува 605.638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4,2 отсто.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172.288 тони или 28,4 отсто од вкупното собрано количество.
Од вкупното количество на собран комунален отпад, 506.257 тони или 84 отсто се од домаќинствата, а останатите 16 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад).