Августовската програма за „Гевгелиско културно лето“ ќе биде исполнета со интересни и разновидни содржини за љубителите на културата . Влезот на сите предвидени содржини ќе биде слободен. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ќе може да се проследат следните содржини:
На 13 август, во хотелот „Аполонија“ со почеток од 19,30 часот,ќе биде промовирана книгата на Александар Прокопиев-„Трибун, хронистерик,номад“. Промотор ќе биде Влатко Галевски.
Наредниот ден, на 14 август, следува изложба на плетива „Гобленизација“ и перформанс на вокално инструменталниот состав „Чалгија“. Ето тоа ќе се случува од 20,30 часот во Ликовната галерија „Амам“.
На 20 август, на платото пред Народниот театар, со почеток од 20,30 часот ќе биде изведен уметнички перформанс, насловен „Арт ум ди џеј сет“ на Теодора Ставрова и Марија Џинова.
Видео инсталацијата на Ице Капсаров „Поглед во празнината“ ќе се случува на 23 август, исто така на платото пред Народниот театар, со почеток од 20,30 часот.
На 29 август, гевгеличани повторно ќе може да уживаат во концертот на поп и класичната вокална група „Трио џентлмен“ кој ќе започне од 20,30 часот пред Народниот театар.
И, на 30 август, со почеток од 20 часот во Народниот театар ќе започне 16-то издание на фестивалот „БОШ“