ГЕВГЕЛИСКИ РАДИОАМАТЕРИ ЗЕДОА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНИОТ КУСОБРАНОВ НАТПРЕВАР 2021

Натпреварите во оддржување радиоврски во етер претставуваат значајна активност на радиоаматерите во Македонија.
Секој втор викенд во месецот јули се оддржува меѓународниот кусобранов натпревар “IARU HF CHAMPIONSHIP” во организација на Меѓународната радиоаматерска унија – ИАРУ, во која што членува и Радиоаматерскиот сојуз на Македонија.
Гевгелиските радиоаматери Благоја Љатев, Златко Андонов, Ѓорѓе Андонов и Венци Ристов од локацијата во Серменин се натпреваруваа во категоријата на HQ станици, односно станици кои што го претставуваат седиштето на националната радиоаматерска организација. За оваа намена беше користен и специјалниот повикувачки знак Z30HQ.
Гевгелиските радиоаматери, за период од 24 часа колку што трае натпреварот оддржуваа радиоврски со радиоаматери од што е можно повеќе различни локации во светот.
Се работеше на шест кусобранови фреквентни опсези (160, 80, 40, 20, 15 и 10 м)
Со употреба на емисиите CW – телеграфија (морзеова азбука) како и Phone – фонија (употреба на говор)
Досега македонските и гевгелиските радиоаматери на вакви меѓународни кусобранови натпревари повеќепати се имаат пласирано на врвот од табелата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *