ГЕВГЕЛИСКИТЕ ТАКСИСТИ БАРААТ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА ТАКСИ ПРЕВОЗОТ

На наредната седма седница на Советот на Општина Гевгелија, која ќе се одржи на 15 март 2022 година, на дневен ред ќе се најде и Барањето на такси превозниците за измена и дополнување на  Одлуката за авто-такси превоз на патници во Општина Гевгелија.

Во ова барање, гевгелиските  таксисти предлагаат   цената на стартот, за 1,5 километри,  од 50 да се зголеми на  80 денари, за секој нареден километар да се наплаќа, наместо досегашните 23, по 33 денари, додека цената на чекање да изнесува 6 денари за 1 минута, наместо досегашните 4.

Исто така, такси превозниците бараат воведување на ноќна тарифа во времето од 22,00 до 06,00 часот со стартна цена од 90 денари и 35 денари за секој изминат километар, како и празнична тарифа со стартна цена од 100 денари и 40 денари за секој нареден изминат километар.

Такси превозниците во своето барање предлагаат и укинување на задолжителната жолта боја на такси возилата, како и паркинг простор за 4 возила пред Амам барот и за 3 возила пред Градскиот пазар.

Како причина за ова нивно барање таксистите го наведуваат зголемувањето на цената на горивата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *