ГЕВГЕЛИСКИТЕ СОВЕТНИЦИ ЌЕ РАСПРАВААТ ЗА СОСТОЈБАТА СО ПРИСУСТВОТО НА ДРОГАТА КАЈ МЛАДИТЕ, СОСТОЈБАТА СО БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА БРОЈОТ НА ДЕЦАТА ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

На 62-та седница на Советот на Општина Гевгелија, покрај другото, на дневниот ред се најдоа точките за Сопствено учество на општината во изградбата на пумпна станица и цевковод во селото Ума, треба да се формира Општински совет за превенција од детско престапништво, зголемување на бројот на децата во ЈОУДГ „Детска радост“, состојбата со употребата на наркотици и психотропни супстанци кај младите, состојбата со кучињарта бездомници, а на крајот се предвидени Советничките прашања.
Седницата ќе се одржи во четврток, 27 мај, 2021 година во салата на хотел „Аполонија“, со почеток во 11 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *