Викендов, ракометните ветеранки на ЖРК „ЈУГ“ од нашиот град уште еднаш достојно го презентираа нашиот град и Македонија на Меѓународниот ракометен турнир во Нови Сад 2022, а во организација на Клубот на ветерани „021“ од Нови Сад.
Ветеранките на „Југ“ одиграа три натпревари со екипите на Пула, Сремска Митровица и Шабац. Како што ни изјави Сузана Андонова, резултатите оваа година биле во втор план, а најважно било опуштеното другарување во една прекрасна атмосфера во Нови Сад. Овој турнир се одржа по пауза од две години, поради ковид пандемијата, така што организаторот решил сите 8 екипи на ветеранки и 12-те екипи на ветерани од Србија, Хрватска и Македонија да ги прогласи за победници.
За ветеранките на ЖРК „ЈУГ“ од Гевгелија во Нови Сад настапија Мицева, Мандиќ, Клеменовиќ, Попова, Доскова, Мицева, Проданова, Беќарова, Андонова и Попова.