ГЕВГЕЛИСКИ ВЕЛОТЛОН 2024
Утре, недела, 12 мај, со почеток од 11 часот, на патеката Курија, кај Негорските бањи, ќе се одржи вториот по ред Гевгелиски Велотлон. Тоа е комбиниран натпревар на возење на велосипед по Off road патека, совладување на препреки и трчање по ридска патека.
Учесниците ќе се натпреваруваат во 4 категории во машка и женска конкуренција, 14-18 години, 18-35 години, 35-55 години и 55 + години;
Котизацијата за Гевгелискиот Велотлон изнесува 600,00 денари;
Вкупниот наградниот фонд изнесува 48.000,00 денари, кои ги обезбедува АМД „Гевгелија“
Вкупната должина на патеката изнсува 5600 метри од кои 4640 метри за Off road возење велосипед (во две фази), 880 метри за трчање (во две фази) и совладување на 6 препреки во должина од 80 метри.
АМД Гевгелија оваа година вложи огромни напори да создадем услови и можности за спорт и рекреација на Велотлон патеката Курија како за младата популација така и за повозрасните генерации. Прекрасен простор за пешачење и трчање во природа, возење на Off Road велосипед по ридска патека, совладување на препреки. Направен е нов пристапен пат кон Велотлон патеката од автобуската постојка наспроти Негорските минерални бањи, оспособен е простор за паркирање на возила, простор за учесници на натпреварот, патеката е продолжена за 800 метри, и оваа година таа ќе достигне 5600 метри. Оваа патека по цела нејзина должина повторно е маркирана со знаци односно заменети се во голем дел намерно оштетените знаци, направена е подготовка за поставување на подвижна инфраструктура.. Велотлон патеката Курија е веќе оформен концепт за рекреативна зона во непосредна близина на градот и околните населени места.

Прегледи: 309