ГЕВГЕЛИСКАТА УМЕТНИЦА ГОРДАНА ПЕТРОВА СО СВОИ ДЕЛА СЕ ПРЕТСТАВИ НА „ДЕНОТ НА АСТРАГАЛУСОТ“ ВО БОГДАНЦИ

Во Богданци, изминатиот викенд се одржа „Ден на Астрагалусот“, или народно познат како ден на Меурестиот козирец. Настанот беше збогатен со ликовна работилница, модна ревија, квиз на знаење и концерт на Марко Логаут.
На овој интересен настан со свои уметнуички изработки се претстави и гевгелиската уметница Гордана Петрова.
 
Целта на настанот беше, покрај забавно – едукативниот дел за деца и млади, во кој младите од општина Богданци како и од соседните Гевгелија, Дојран и Валандово цртаа, организираа модна ревија со модели инспирирани од растението, а имаше и едукативни квизови за дивите растенија. Целиот настан се одвиваше во градскиот парк Богданци и имаше цел да ги афирмира природните реткости.
 
Инаку, во околината на општина Богданци вирее растението Меурест козинец – ботаничарите го познаваат и како „Astragalus physocalyx“. Станува збор за ендемично растение кое се наоѓа на листата на строго заштитени диви видови растенија во Македонија како и на Глобалната црвена листа на Меѓународната унија за заштита на природата. Ова е ретко растение кое може во земјава да се најде само на територијата на Општина Богданци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *