ГЕВГЕЛИСКАТА AТЛЕТСКА ЕКСПЕДИЦИЈА НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ СЕ ВРАЌА ОД КАВАДАРЦИ СО ДВЕ ПРВИ МЕСТА. НА 5 КМ, ЕПОВ ПРВ, АНЧЕВ ПЕТТИ, АТАНАСОВСКИ ДЕВЕТТИВО ПОЛУМАРАТОН УЗУНОВА ПРВА ВО 50+ ЧЕТВРТА ВО ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН, АЛАЃОЗОВСКА ПЕТТА

НА 10 КМ, АТАНАСОВСКА ПЕТТА, АРНАУДОВ ОСМИ, ЧАЛКОВ ДВАНАЕСЕТТИ, ДИНЕВА ТРИНАЕСЕТТА, КОЦЕВСКИ ШЕСНАЕСЕТТИ, ТРАЈКОВ ШЕЕСЕТИ ПРВИ
Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко го организираа вечерва 3 ти -Кавадаречки полумаратон под мотото “Го сакам Кавадарци”.Трки: Полумаратон (21.097м , Трка 10.000 метри и Трка 5.000 метри Се трчаше во централното градско подрачје на улиците: Илинденска, Тиквешко Востание и Моша Пијаде. Патеката беше кружна, еден круг беше во должина од 2.5км. За најдобрите следуваа пехари, а за полумаратонската трка имаше и пласман по категориии, до 40 години, од 40 до 50 и 50+.Трките се одвиваа во согласност со правилата за улично и маратонско трчање на Меѓународната Атлетска Федерација (IAAF) и Атлетска федерација на Македонија (АФМ).
На овогодишниот полумаратон, учествуваше екипата на АК „7-Ми Ноември“ од Гевгелија, со досега најголем број на атлетичари, вкупно 15, во сите три трки плус двајца атлетичари, кои трката на 10 км ја трчаа виртуелно.
Можеме слободно да кажеме дека своевидната атлетска експедиција на Гевгелија, се враќа од Кавадарци со прекрасни резултати
На трката во полумаратон трчаа : Валентина Узунова, Христина Алаѓозовска и Ангел Делиќ. На трката од 10 км трчаа: Никола Ковачев, Марјан Ризов, Атанас Трајков, Александар Ќосев, Драгица Атанасоски, Русимка Динева, Ристо Чалков и Кимо Арнаудов. На трката од 5 км трчаа: Атанас Епов, Тоше Анчев, Кристијан Атанасовски и Игор Коцевски. Бојан Атанасовски и Драган Ристов трката на 10км ја трчаа виртуелно

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *