ГЕВГЕЛИСКАТА АТЛЕТСКА ЕКИПА ТРИУМФАЛНО СЕ ВРАЌА ОД НОЌНАТА ТРКА ВО ГУМЕНИЦА

Во саботата, на 31 август 2024 година, во Гумениса, општина Пајонија, Кукуш, се одржа 5-та Ноќна друмска трка со трки од 10,3 км, 5,1 км и 1,1 км.
Трката беше во организација на Друштвото за друмски спортови „DR.A.SY“. Гумениса , под покровителство на општина Пајонија и Општинската заедница Гуменица .
На трката учество зедоа и шестмина атлетичари на АК „7-ми Ноември“
Во трката на 10,3 километри, Дарко Прошевски беше четврти во својата категорија, додека во трката на 5,1 километар Влатко Семенаков го освои одличното второ место во генерален пласман.
Сепак сите честитки одат на најмладите кои учествуваа во трката на 1,1 километар.Првите места во својата категорија ги освоија Горан Семенаков, Костадин Семенаков, Томче Петков и Антонио Каракабаков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *