Членовите на „Гевгелија точак клуб“, во соработка со граѓаните на Гевгелија и околните населени места, вчера, недела, 2 јуни, го одбележаа меѓународниот ден на велосипедот, 3 јуни, со рекреативно возење на делницата Гевгелија – Негорци – Прдејци.
На стартот се појавија педесеттина вљубеници на возењето велосипед, меѓу кои најмалиот беше стар само две години, и нормално, извозе само мал дел од патеката.
А, вие, почитувани гевгеличани имате уште време да го одбележите Светскиот ден на велосипедот користејќи велосипед за патување до работа, училиште, продавница, библиотека … и применете добра навика за велосипедизам во што повеќе денови од годината. Возете внимателно и почитувајте ги другите учесници во сообраќајот, според Сојузот на велосипедисти..