ГЕВГЕЛИЈА СО НАЈВИСОКА ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА ВО ФЕВРУАРИ ОД 22,9 СТЕПЕНИ

Највисоката максимална температура во февруари била измерена на 6 февруари во Гевгелија и изнесувала 22,9 целзиусови степени. Забележени се високи максимални температури во текот на целиот месец, а и продор на топлотен бран на целата територија на државата исто во текот на речиси целиот месец.

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
 
Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 3,9 степени над просечната на ниво на држава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *