ГЕВГЕЛИЈА, СО 59 СЛУЧАИ НА 100.000 ЖИТЕЛИ Е НА ТРЕТОТО МЕСТО ВО МАКЕДОНИЈА ПО БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КАРЦИНОМ НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ ПРОСЕЧНО ВО ИЗМИНАТИТЕ 10 ГОДИНИ.

Од 2010 до 2019 година, секоја година по 20 нови луѓе во просек добивале рак на белите дробови во Гевгелија, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
 
Анализирано според здравствените региони малигната неоплазма на бронх и бел дроб во апсолутни бројки најповеќе е застапена во Скопје, просечно за 10 години на годишно ниво има 288 случаи со стапка од 46 случаи на 100 000 жители. На 100 000 жители највисока стапка од 60 случаи има во регионите на Демир Хисар и Свети Николе, а потоа следи регионот на Гевгелија со 59 случаја.
 
Според публикацијата клучни фактори на ризик се пушењето, прекумерната тежина, исхрана со малку овошје и зеленчук, недоволната физичка активност, конзумирањето алкохол, јонизирачко и ултравиолетово зрачење, урбано загадување на воздухот и внатрешен чад од употреба на цврсти горива во домаќинствата.
 
Публикацијата е изработена од Одделот за здравствена статистика и публицистика при Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија (www.iph.mk), врз основа на податоците добиени од Регистерот за рак на Република Северна Македонија
Просечно во Република Северна Македонија во периодот 2010-2019 нови случаи на ниво на година има 6694, односно на 100 000 население има 323 случаи, 55% од случаевите се мажи додека 45% се жени. До 50 годишна возраст жените се застапени со 59%, а мажите со 41%.
 
Над 50 годишна возраст мажите се застапени со 57% за разлика од жените кои се затапени со 43%. Околу 87% од случаевите на рак се меѓу популацијата која е постара од 50 години, од кои помеѓу 50 и 60 години се 20%. Околу 0.4% од случаевите на карционом се јавуватт кај деца и адолесценти помлади од 15 години. Најзастапени дијагнози во десете години кај целото население се малигната неоплазма на бронх и бел дроб со 12.9% од вкупно пријавените случаи, потоа следи малигната неоплазма на дојка, други малигни неоплазми на кожата, желудникот и тн.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *