ГЕВГЕЛИЈА ГО ИМАШЕ ЗА ВЕЛИГДЕН НАЈГОЛЕМОТО ЈАЈЦЕ ВО МАКЕДОНИЈА НАПРАВЕНО ОД 600 РОЗИ

Велигден, „празникот на празниците“, православните христијани во Општина Гевгелија го прославија со вообичаените литургии и бројни обичаи.
Тој е најважниот празник во христијанското учење и ја претставува неговата суштина, бидејќи означува дека со воскресението Христово животот ја победи смртта.
 
Воскресението Христово на полноќ, на 16 април, беше објавено во сите храмови и на Гевгелиското архиерејско намесништво. Верниците кои ја дочекаа радосната вест за Христовото воскресение во манастирот „Свети Вознесение Христово“- Свети Спас беа пријатно изненадени од глетката што ги дочека во внатрешноста на црквата. Имено, на средината беше поставен цветен аранжман во форма на велигденско јајце направено од рози. Граѓаните, како и свештенството на
Гевгелиската епархија имаа само пофалби за убавиот цветен аранжман и вештите раце на Јованка и Леана.
 
Авторки на ова цветно велигденско јајце се Јованка Јанковска и нејзината ќерка Леана, кои имааат сопствена цвеќарница, и на овој начин сакаа да ја направат атмосферата за празникот Велигден што поубава и попријатна.
„За изработка на ова интересно јајце од рози, употребивме околу 600 рози, ни објасни Јованка. Целиот процес на аранжирање траеше околу три часа, што не ни преставуваше никаков напор, бидејќи ова го работевме со многу љубов и посветеност. Можеби цветното јајце ќе беше уште поголемо, но во тој момент располагавме само со тој број на рози, истакна таа.
„Затоа, со насмевка ни кажа на крајот Јованка, за наредниот Велигден на време ќе набавиме доволно рози, и ќе направиме уште поголем цветен аранжман“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *