ГЕВГЕЛИЈА СО ОКОЛНИТЕ МЕСТА ДОБИ НОВА КОМИСИЈА ЗА ТУЃА НЕГА И ПОПРЕЧЕНОСТ

Како што соопшти Министерството за здравство, покрај постоечките комисии, новата во Гевгелија ќе ги покрива и општините Богданци, Валандово и Дојран., а новоформираната Комисија во Прилеп ќе ги опфати и општините Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани,.
Со ова, граѓаните на Гевгелија и Прилеп и нивните региони за првпат добија нови Комисии за туѓа нега или поконкретно Комисија за издавање на конзилијарно мислење за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост.
„Со формирањето на двете нови Комисии за овие места ќе се намали периодот на чекање на граѓаните кои треба да го остварат правото на надоместок за помош и нега од друго лице. Сега граѓаните не треба да патуваат и нема да се изложуваат на дополнителни трошоци за одење во друго место, далеку од градот во кој живеат“, велат од Министерството.
Изминатиов период се зголемени термините за разгледување на медицинската документација за секоја од стручните комисии од 200 на 280 барања месечно.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *